Вардар официјално се огласи за состојбата на Мечевска

Веста за несреќата на Робертина Мечевска силно не потресе сите во клубот. Девојките беа на попладневниот тренинг кога ја слушнаа веста. Во моментов Робертина Мечевска е примена на Клиничкиот Центар во Скопје, и клубот прави се што е во негова моќ да и помогне, да го надмине ова што и се случи, се вели во соопштението на ЖРК Вардар објавено на официјалниот сајт.

Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје.

Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот.

Луѓето од клубот веднаш по дознавањето беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот.

Интегрален текст од соопштението на ЖРК Вардар

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега