Стојановиќ верува во стабилизирањето на Металург

Искусниот лев бек и поранешен репрезентативец Раде Стојановиќ очекува неговиот нов клуб Металург да ги надмине проблемите и да се врати на успесите.

- Доаѓам во специфичен период за Металург и се надевам дека со моето искуство ќе помогнам во реализација на зацртаните планови. Металург има млада и перспективна екипа која сигурно ќе го покаже својот квалитет. Очекувам тешка борба на секој фронт, но и освојување на второто место во првенството на Македонија и учество во завршницата на СЕХА-лигата. Се надевам дека Металург брзо ќе ги надмине моменталните проблеми и дека ќе се врати на местото кое му припаѓа, изјави Стојановиќ.

36-годишниот Стојановиќ има настапувано во повеќе странски клубови, а бил дел и од македонските екипи Борец, Вардар, Пелистер и Зомимак. Договорот со Металург му важи до крајот на тековната сезона. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега