Македонија плаче - денеска ќе биде погребана деветгодишната Тамара
Македонија денеска е завиена во црно. Деветгодишната Тамара Димовска, која почина вчера во 6 часот како последица на деформитетот на рбетот, ќе биде погребана денеска во 12.30 часот на гробиштата во Велес, јави Нова ТВ.
Нова ТВ објави дека илјадници граѓани вчера и денеска застануваат крај градските јавори во Велес каде што има табли на кои се поставуваат некролози и го гледаат некрологот на кој е сликата на Тамара и известувањето за денешниот погреб на девојчето.
Обдукција не е направена за да се утврди точната причина за смртта.
Нека почива во мир!
Оцени ја веста
10.02.2015 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа