Зошто мажите имаат утринска ерекција?

Интересен, но често пати непријатен феномен со кој се соочува секој маж. Се прашувате дали постои било какво објаснување зошто се случува ова баш секое утро?

Утринската ерекција е последица на низата ерекции кои мажите ги имаат во текот на ноќта, тврдат научниците.

Иако не се свесни, здравите мажи во текот на ноќта доживуваат помеѓу 3 и 5 ерекции во сон.

Интересно е што оваа појава започнува уште пред раѓањето, во утробата на мајката, а продолжува до крајот на животот.

Ако на момците им е за некаква утеха, слична работа доживуваат и жените, односно тие имаат клиторални ерекции и вагинални контракции додека спијат.

Постојат огромен број на теории кои се обидуваат да го објаснат овој феномен, но главната причина е се уште непозната. Она што е утврдено е дека ноќните ерекции се тесно поврзани со РЕМ фазата.

Првата теорија е дека во текот на ноќта, во РЕМ фазата, се намалува работата на невроните кои испуштаат норадреналин (кој се смета дека е поврзан со пенисот), па со намалувањето на нивната активност се зголемува лачењето на тестостерон.

Втората можна теорија тврди дека главен виновник е натриум оксидот, соединение кое го ослободуваат клетките сместени во ѕидовите на крвните садови, па подоцна тоa стига до мускулите и ги опушта. Крвните садови се шират, дотокот на крв се појачува и тоа доведува до стврднување на пенисот во текот на ноќта и неколку минути пред будењето.

Многу научници кои го истражувале овој феномен сметаат дека овие ноќни активности на пенисот се добри за неговото здравје, односно го забавуваaт стареењето на половиот орган и прераната еректилна дисфункција.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега