ВИДЕО: Добил отказ, па го искршил ресторанот на Мекдоналдс

Еден работник во ресторан на „Мекдоналдс“ во американската сојузна држава Минесота бил многу лут кога добил отказ, па решил да остане запаметен по незаборавното „шоу“ за збогум. 

Пред да го напушти работното место неименуваниот Американец искршил се што можело да се скриши во ресторанот и ги навредувал своите дотогашни колеги. 

Тие заедно со шефот се обидувале да го смират бесниот работник, кој ги „почестил“ со пцости и навреди, но не успеале во тоа.

Ненормалното однесување на отуштниот работник го снимиле гости во ресторанот, кои потоа видеозаписот го објавиле на интернет. За два дена видеото има околу 1,5 милиони прегледи.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега