Најмалку 250 исламски милитанти убиени на Филипините

 

Командантот на специјалните полициски сили на Филипините Гетулио Напењас, кој е суспендиран поради загинувањето на 44 негови командоси пред две недели на југот на Филипините, денеска сведочеше пред специјалната комисија на Сенатот и соопшти дека специјалците ликвидирале најмалку 250 исламски милитанти.

Според Напењас, меѓу загинатите имало стотина припадници на МОРО исламистичкиот фронт, чие раководство пред една година потпиша договор за примирје со армијата, и над сто припадници од редовите на други радикални групи, меѓу кои и новоформираниот Исламски фронт на борците за слобода.

Филипинските медиуми денеска пренесуваат дека исламистичките бунтовници и натаму тврдат дека на нивна страна во судирите со полициските командоси загинале „не повеќе од 18 борци“.

Случувањата на југот на Филипините од 25 јануари предизвикаа жестоки политички судири и во рамките на владејачките кругови на партијата на претседателот Бенињо Акино.

Многумина сметаат дека акцијата на командосите била мотивирана да се пронајде, зароби или убие еден од најпознатите терористи во овој дел на Азија, Зулфики Бин Хир, чија глава е уценета на пет милиони долари.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега