Во последното деноноќие загинале седум украински војници

 

Седуммина украински војници загинале, а 23 се повредени во последните 24 часа во судири со проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, соопшти украинската армија.

- Во текот на ноќта се зголемија непријателските напади врз украински позиции, изјави воениот портпарол Анатолиј Стелмах.

Друг портпарол истакна дека владините сили од вчера биле цел на 87 напади. Борбите се посебно жестоки околу градот Дебалцево, кој е важен патен и железнички центар североисточно од Доњецк.

Владините сили забележуваат напредок во источниот дел на земјата. Доброволниот баталјон „Азов“ соопшти на социјалните мрежи дека преземал неколку села североисточно од стратешкото пристаниште Мариупољ, потиснувајќи ги сепаратистите кон руската граница.

Претставници на Украина, Русија, бунтовниците и ОБСЕ подоцна денеска ќе седнат на долгоочекуваната преговарачка маса за решавање на конфликтот.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега