ВИДЕО: Американска убавица се посрамоти и преку ноќ стана хит на Интернет
Мариша Пауел, претставничка на сојузната држава Јута, во саботата на изборот за мис даде легендарно глупав одговор, благодарејќи на кој преку ноќ стана сензација на интернет.
На неа и било поставен прашање што мисли за тоа дека жените, и покрај тоа што во 40 отсто американски семејства се главен столб на домот, се послабо платени од мажите и што тоа зборува за американското општество. Мариша малку се уплашила и го дла одговорот кој и донесе „слава“.
- Ова можеме да го поврземе со едукацијата и начинот на кој се стремиме да ги создадеме работите. Тоа е најголемиот проблем и мислам дека посебно мажите се лидери на сето тоа и треба да смислиме како да ја направиме едукација подобра за да го решиме овој проблем, одговори Мариша и влезе во „историјата“.
Социјалните мрежи се преполни со шеги на нејзина сметка, а особено строг беше новинарот на „Дедспин“, Тимоти Бурк кој го искористи цитатот од филмот „Били Медисон“.
- Сите во оваа просторија станаа глупи благодарејќи на вашиот одговор, истакна Бурк.