Грег Попович стигна до 1.000 победи во НБА

Американскиот тренер Грег Попович ноќеска ја забележа јубилејната 1000. победа во НБА лигата. Тој го предводеше Сан Антонио до гостински триумф кај Индијана.

Попович до овој јубилеј дојде по 1462 натпревари во 19 НБА сезони. Од него само двајца тренери, Фил Џексон и Пат Рајли побрзо стигнале до победата број 1.000.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска: Индијана - Сан Антонио 93:95, Филаделфија - Голден Стејт 84:89, Вашингтон - Орландо 96:80, Мајами - Њујорк 109:95, Милвоки - Бруклин 103:97, Минесота - Атланта 105:117, Њу Орлеанс - Јута 96:100, Далас - ЛА Клиперс 98:115 и Денвер - Оклахома Сити 114:124.

Пласман Источна конференција: Атланта 43-10 (победи-порази), Торонто 35-17, Вашингтон 33-20, Чикаго 32-20, Кливленд 32-21, Милвоки 29-23, Шарлот 22-29, Мајами 22-29,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 41-9, Мемфис 38-13, Хјустон 35-16, Портланд 35-17, Далас 35-19, ЛА Клиперс 34-19, Сан Аантонио 33-19, Феникс 29-24,...

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега