Ниските цени на нафтата златна можноста за Европската Унија
Ниските глобални цени на нафтата се златна можност за Европската унија да подготви план за основање на енергетска унија, со цел да ја намали енергетската зависност од Русија, изјави потпретседателот на Европската комисија и комесарот за енергетика Марош Шефчович. - Треба да го искористиме овој период со ниски цени на нафтата и гасот како златна можност за измена на нашата енергетска политика. рече Шевчович додавајќи дека Комисијата до крајот на месецот ќе објави нови предлози за ова прашање.
Оцени ја веста
10.02.2015 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа