Кој е пикот на Црвенкоски за нов претседател на СДСМ?

Црвенковски навива за Игор Иановски Шема но е во добри релации и со Јовановски. Утрински повикувајќи се на извори од Бихаќка објавува дека лидерот на СДСМ нема да крене раце пред изборот на негов наследник.
„Однесувањето на Црвенковски не укажува баш на тоа дека тој ќе крене раце од се'. Негов фаворит е Игор Ивановски, но забележливо е дека во последно време е во одлични релации и со Зоран Јовановски“, велат извори од СДСМ.
Тие додаваат дека во моментов во партијата никој не знае кои се делегатите кои ќе го бираат новиот претседател и апелираат на транспарентен процес на избор.
„Сите зборуваат за нови идеи и нова програма. Но, кој и кога ќе разбере за што навистина станува збор. СДСМ досега не се соочил со ваква ситуација. Кога се избираше нов лидер во 2004 година на кандидатите практично им дадоа по 30 минути пред делегатите на Конгресот да ги образложат своите идеи. На сите им е јасно дека целиот процес тогаш се' сведе на телефонски лобирања по општините. Сега треба да се создаде простор за поширока кампања. Секој кандидат би требало да има и свој изборен штаб, зошто да не. Па и да има можност да се обрати пред членовите во сите општински центри
. Сега никој жив не знае кој се' е дел од Конгресот. Списоците се добиваат по тајни канали. Во СДСМ мора да се создаде атмосфера дека победникот не грабнува се'. Дека кој и да биде нов лидер ќе соработува со сите останати како тим. Дека на крајот сите се победници“, велат членови на СДСМ за Утрински.
Во трката за нов претседател на СДСМ веќе влегоа Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Кире Наумов, Зоран Јовановски и Игор Ивановски.  Одлуката дека се повлкува од лидерското место, Црвенковски треба да ја соопшто во четврток, а како што пишува Утрински, овој ден на Бихаќка нестрпливо се чека

 

најчитано сега