Трета снежна бура на североистокот на САД за една недела
Нова снежна бура, трета оваа недела, го погоди вчера североисточниот дел на САД.
Откажани се стотици летови, а беа затворени и училишта и административни служби во Бостон.
Над 1.900 летови кон и од САД беа откажани вчера, од кои 69 отсто беа од Бостон.
Застој имаше и во њујоршкиот воздушен сообраќај, 55 отсто од летовите на аеродромот во Ла Гвардиа се откажани, 33 од Њуарк и 26 отсто од аеродромот Џон Кенеди.
Издадени се предупредувања за снежни бури во Делевер и Мејн.
Оцени ја веста
10.02.2015 - 10:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа