Маж и ми нудеше секс додека таа спиеше- се огласи другарка на Тања Савиќ

Познатата пејачка Тања Савиќ иако замина од Србија, скандалите околу нејзиниот брак не сопираат.

Маријана Ѓуришиќ, пејачката која година дена настапуваше со Тања Савиќ тврди дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ и предложил да имаат секс.

 

-За дочекот на 2015 година настапував со Тања во еден хотел на Златибор. Со нас беше и нејзиниот сопруг Душан. Штом го заврши својот блок Тања отиде во собата, а јас продолжив да пеам. Душан остана во салата. Беше пијан и почна да крши чаши. Тој го искористи мигот што Тања не беше таму и ми пријде, ми предложи секс, а за возврат ми понуди помош во кариерата, изјави Маријана, додавајќи дека Златибор не е единственото место на кое добила непристојна понуда од него.

-Му говорев дека е лошо тоа што го прави со оглед на тоа што настапувам со мајката на неговите деца, но него не го интересираше. Тој се плеткаше со други девојки пред клубовите додека неговата сопруга настапуваше, додаде Маријана која вели дека неколку пати се обидела да и го насочи вниманието на Тања на тоа, но таа не сакала ниту да чуе.

 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега