Долгогодишни пријатели одлучиле 40 дена да бидат пар- еве што се случило на крајот

Двоумејќи се околу тврдењето дали е можно пријателство помеѓу маж и жена, а со оглед на тоа што и двајцата во моментот биле слободни, пријатели се одлучиле на необичен експеримент.

Имено, Џесика Волш и Тимоти Гудман се долгогодишни пријатели и колеги. И двајцата се занимаваат со графички дизајн и, иако имаат доста заеднички интереси, тие исто така и премногу се разликуваат меѓусебно. 

Така, Џесика е непоправлив романтичар, оптимист и девојка подготвена за брак, додека ТИм е скептик кого повеќе го интересираат кратки врски без обврски. 

Во еден момент, кога и двајцата биле слободни и без партнер, тие се одлучиле на интересен експеримент – решиле како љубовен пар да се забавуваат 40 дена и да ги почитуваат следните правила: 

1. Ќе се гледаат секојдневно, во текот на 40 дена
2. Ќе излегуваат барем три пати неделно
3. Еднаш неделно ќе посетуваат љубовен терапевт
4. Ќе отпатуваат на мирен одмор заедно
5. Секојдневно ќе го документираат она што ќе се случува во текот на експериментот
6. Нема да се гледаат, допишуваат, флертуваат или спијат со други луѓе
Тие се обврзале и да го продолжат својот експеримент, без оглед на околностите во кои што ќе се најдат, а во текот на периодот во кој што биле “вљубени гулапчиња”, тие доживеале неколку интересни состаноци и случки. 

Особено интересен бил 33-от ден од експериментот, кога двајцата одлучиле во текот на целиот ден да се држат за раце и се што прават, да го прават заедно. 
Се прашувате што се случило на крајот? Дали тие двајца во другиот пронашле сродна душа и живееле среќно и вљубено до крајот на животот?!

Двајцата признаваат дека во текот на експериментот се развиле вистински емоции, меѓутоа тие на крајот сепак одлучиле да се разделат, барем како љубовен пар. Иако не создале врска од соништата, двајцата научиле многу важни лекции кои што ги применувале во другите свои односи. 
“Кога експериментот заврши, имав чувство на најчиста ментална состојба. Бев сосема урамнотежена, среќна и исполнета. И конечно, кога престанав да трагам по совршениот маж, го запознав човекот на мојот живот за кого и се омажив пред две недели”, објаснила Џесика. 

Џесика и Тим останале добри пријатели, а својот експеримент пред светот го претставиле во форма на истоимена книга – “40 Days Of Dating”. 

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега