Mогерини: Очекувам позитивен резултат од продолжението на дијалогот Белград-Приштина
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Брисел го најави продолжението на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и средбата на српскиот премиер Александар Вучиќ со претседателот на косовската Влада Иса Мустафа.
- Се надевам дека вечерашната средба ќе биде завршена со позитивна оценка, рече Могерини, која истакна дека првиот состанок на Вучиќ и Мустафа ќе биде многу важен, додавајќи дека ЕУ минатата година успешно посредуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Таа изрази уверување дека со нејзиното посредување дијалогот и во иднина ќе биде успешен.
Портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, во пресрет на велерашната рунда од дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина изјави дека ЕУ пред се очекува напредок во примената на Бриселскиот договор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа