Планирал да сече глави на војници- уапсен британски муслиман- тинејџер
Еден 19-годишен британски муслиман планирал да убива со отсекување на главите на војници од армијата на Велика Британија.
Радикализираниот Брустхолд Зиамани,кој од минатата година преминал во исламот, бил фатен од полицијата на улица, носејќи со него голем чекан и месарски нож, завиткани во знаме на исламистичките милитанти.
Веднаш по апсењето Зиамани признал дека бил на пат да убие британски војник и дека трагал по некоја од касарните околу Лондон,каде би можел да го изврши терористичкиот напад.
На својата поранешна девојка, претходно, тој и го покажал оружјето кое го имал кај себе при апсењето и отворено и најавил дека планира да убива војници.
Во напишана порака што полицијата ја нашле во неговиот дом,Зиамани и објавил „војна на владата“.
- Сакавте војна-ќе ја имате. Глави на британски војници ќе летаат и ќе горат. Вие не можете да ги поразите муслиманите, затоа што ние сакаме да умреме на начинот на кој вие сакате да живеете, се вели во писмото на овој тинејџер, радикален исламист.
Тој тврди дека не е терорист, но истрагата открила дека станува збор за млад човек чии идоли се двајцата терористи кои во 2013 година, го убија на улица британскиот војник Ли Ригби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа