Состојбата во прилепско под контрола - жителите добиваат вода за пиење
Во општина Прилеп одржан е редовен состанок на Кризниот штаб.
На состанокот беше истакнато дека состојбата е под контрола и дека се уште важи забраната за користење на вода во населените места: Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци, Кадино село и Мало Коњари.
Екипите од ЈКП „Водовод и канализација“ секојдневно ги снабдуваат жителите од овие населени места со флаширана вода за пиење.
Донации од флаширана вода секојдневно пристигнуваат во просториите на Црвениот крст, каде се уште во тек е акција за донација на вода.
Оцени ја веста
09.02.2015 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа