Путин вперува прст кон Западот: Вие сте виновни за кризата во Украина

 

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за кризата во Украина и за ситуацијата во која се наоѓа сега оваа земја.

Во интервју за египетскиот весник „Ал Ахрам“, Путин рекол дека западните земји го прекршиле ветувањето за неширење на НАТО кон Исток, а во исто време го натераа Киев да избира меѓу Западот и Русија.

Претседателот Путин се наоѓа пред почетокот на својата посета на Египет, па во угледниот каирски весник ги обинува САД и западните земји дека не го испочитувале сопственото ветување дека НАТО нема да се шири кон поранешните советски републики (освен трите балтички држави).

Рускиот претеседател ги обинува западните земји за непочитување на руските интереси и за притисокот врз некогашните советски републики, да избираат меѓу Русија и Европа.

- Ние (Русија) повеќепати ги предупредуваме САД и Западот за болните последици што ќе настанат ако се мешаат во внатрешните состојби на Украина, но тие не го почитуваа нашето мислење, вели претседателот Владимир Путин во интервју за египетскиот „Ал Ахрам“.

Рускиот претседател, одново инсистира дека во Киев, пред една година, беше извршен државен удар, мислејќи на насилното сменување на легално избраниот претседател Виктор Јанукович. Тој беше тргнат од функцијата, по демонстрациите во Киев, кои избувнаа кога Јанукович се одлучи за продолжување на тесните врски со Русија, наместо постигнување трговски договор со ЕУ.

Набргу потоа, Русија изврши анексија на полуостровот Крим, каде се наоѓа руската поморска база во Црно Море.

Руските обвинувања кон Западот доаѓаат на само два дена пред четворниот самит во Минск,на Русија, Украина, Германија и Франција околу постигнувањето согласност за најновиот француско-германски план за запирање на војната во Источна Украина.

Германскиот канцелар Ангела Меркел се наоѓа во Вашингтон, информирајќи го претседателот Барак Обама за планот за Украина. Американските републиканци притискаат врз Белата куќа да прифати вооружување на укриаинската војска,но против тоа се Германија и Франција.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега