Србија испраќа 50.000 евра помош за Македонија!
Помош од 50.000 евра ќе испрати Србија за поплавените подрачја во Македонија. Исто толку поради последниците од катастрофалните поплави ќе и бидат донирани и на Албанија.
Ваквата одлука била донесена вчера на седница на српската Влада, а иницијатор напредлог, како што пишуваат српските медиуми, бил премиерот Александар Вучиќ.
Тамошните медиуми пишуваат дека поради обилните дождови и порастот на водостојот на реките Шемница и Црна во пелагонсикиот дел во Македонија се формирало езеро поголемо од Дојранското Езеро, со длабочина од три метри.
Оцени ја веста
09.02.2015 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа