ФОТО: Мислеле дека е бездомник, а тој им оставил...

 

Роналд Рид од Бретлбор, Вермонт, кој починал минатата година на 92 години, често примал помош од хумани луѓе.

Овој скромен човек ја воодушеви јавноста, кога по неговата смрт е објавено дека оставил 6 милиони долари на локалната болница и библиотека.

Тој починал на 92 години и никој не знаел дека е мултимилионер.

Роналд носел стара истрошена јакна, затоа луѓето често му го плаќале појадокот, му донирале гардероба, бидејќи делувал сиромаво.

– Никој не можеше да претпостави дека човекот е милионер. Кога слушнавме дека ни оставил толку пари, бевме навистина изненадени – вели портпаролката на библиотеката.

Тој кога починал оставил 8 милиони долари, шест ги донирал за болницата и библиотеката, а останатите два ги поделил на семејството и пријателите.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега