Британија: Англискиот е мајчин јазик само на едно од секои 10 деца
Англискиот е мајчин јазик само за едно од секои десет деца во најголемото основно училиште во Велика Британија.
Ова се тврди во документарниот филм кој бил емитуван на Петти канал на британската телевизија.
Според документарецот, масовната имиграција во Велика Британија придонела бројот на деца од неанглиско говорно подрачје во основното училиште „Гаскоин“ во Источен Лондон да изнесува дури 90%. Главниот учител Боб Гартон изјавува во филмот дека само мал процент од 1.100-те ученици се бели Британци. Потеклото на учениците е главно од три региони - Источна Европа, Африка и Индискиот субконтинент. Во училиштето се зборуваат вкупно 60 јазици.
- Ситуацијата во училиштето го одразува исклучително високото ниво на имиграција во Велика Британија и ја потенцира неопходноста од ограничување на порастот на населението, објаснил потпретседателот на лобистичката група „Мајгрејшн воч“, Алп Мехмет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа