Ало Докторе им помага на граѓаните - 20.000 повици досега!
Вкупно 21.412 повици се регистрирани на телефонската линија за медицински совет Ало докторе! (02/15 123) од септември минатата година, кога започна да работи до сега, а во изминатите седум дена 1.252 граѓани се јавиле за медицинска помош.
Достапни за медицински совет се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија и најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија - кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Во кол центарот Ало докторе! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
Според распоредот, денеска во посочениот термин на линијата Ало докторе! ќе биде проф.др.Михаил Пенев, директор на Клиниката за урологија, а утре др.Милан Ристевски од Институтот за радиотерапија и онкологија, на 11 февруари др.Славица Шубеска Страткова директорка на Клиниката за ендокринологија, на 12 февруари др.Реџеп Селмани од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и во петок на 13 февруари др.Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести.
Во сабота на 14 февруари совети на линијата 02/15123 од 18 до 22 часот ќе дава доц.др.Сашко Кедев од Институтот за кардиологија и на 15 февруари проф.др.Александар Шиколе од Клиниката за нефрологија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа