Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране! (ФОТО)
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот ФБ профил ја постираше песната „Погледни го својот дом ангелу“ од Рибља чорба, што според дел од опозициските медиуми, требало да значи некаква порака.
Ваквиот пост на Заев наиде на низа коментари, меѓу кои и оној на актерот Тони Михајловски кој му одговори на Заев со стиховите на уште еден хит од Рибља Чорба, „Лутка са насловне стране“.
-Странски служби, странски песни а домашен непријател. Песната е супер, ама таа повеќе се лепи за се она што вие и го направивте на земјава. Требаше време да се тргнат амовите што ни ги наметнавте на сила менувајќи ни го името, да ги залечиме кичмите кои ни ги кршевте крадејќи ги граѓаните со ТАТ, да станеме народ што гледа од слепото стадо кое вие сакавте да го водите до амбисот на исчезнувањето. И рацете сеуште ви се со крв на бранителите кои ги убивавте како кучиња, напиша Михајловски.
Актерот напиша дека има и тој песна за Заев, кој е “кукла во рацете на душманите“, притоа потенцирајќи го стихот од рефренот на „Лутка са насловне стране“...И ТРЕБА ТИ ЛОВА...ТРЕБА ТИ ЛОВАААА
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа