Ова е македонскиот пратеник за пример

Пратеникот на НДП, Изет Зекири е вистински пример за тоа како се практикува демократијата и како се почитува вољата на македонските граѓани. Откако ги загуби локалните избори за градоначалник на Тетово, Зекири си поднесе оставка од пратеничката функција. Тој образложи дека веќе не може да биде пратеник на граѓаните од Тетово, бидејќи тие не му ја дале довербата на локалните избори и дека тој веќе го нема легитимитетот да ги претставува.

„И јас можам како Али Ахмети и Мендух Тачи да не присустувам на собраниските седници, да не учествувам во дебатите и да не ја критикувам политката на Владата, ама да земам пратеничка плата. Не ги сакам партие што се незаслужени“ - вели во изјава за Вест Зеќири, кој според собраниската статистика е највредниот македонски пратеник со најмногу говори на парламентарната говорница

Интересно е да се напомене дека Зеќири е единствениот пратеник кој си поднесе оставка иако во речи си сите парламентарни партии имаше по неколку пратеници кои ги загубија локалните избори но не се решија да го следат неговиот чекор. На пример во ДПА изборите во Скопје ги Беким Фазлиу, а во ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
Доколку поднесат оставки пратениците на СДСМ кои го загубија овој изборен процес  тогаш најгоелмата опозициска партија ќе има целосно нова пратеничка група. Андреј Петров беше прегазен од Стевчо Јакимовски во Карпош, Јани Макраули доживеа огромен пораз во Скопје, Миле Андонов загуби во Кочани, Голупчо Ангелов во Делчево, Менде Диневски во Битола.

Висок демократски капацитет покажа и ДУИ, чии кандидати а сега веќе градоначлници, си заминаа од министерските места уште пред да почнат избоите. Теута Арифи за Тетово во смени Секоторот за евроинтеграции, а Невзат Бејта министерството за локална самоуправа. Оставка уште пред изборите си поднесе и Арбен Лабеништа кој загуби во Струга