„Доктор на науки е доктор кој..." - детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

 

Како што пишува српски Курир, овие детски изјави од дечињата од градинките во Белград се урнебесни и со сигурност ќе ве насмеат и расположат.

Прочитајте дел од нив и уживајте.

Што е детство?

-Тоа го добиваме кога ќе се родиме, а потоа поминува.

-Детството е кога гледаш слики во жолта боја.

Како се прават бебиња?

-Срам ми е да кажам зашто тоа е безобразна работа.

-Бебињата се прават од штркот или излегуваат од зелка. Кој како сака.

-Бебињата се прават кога си бил умен, па после кога ќе ти се роди брат тој е главен и џабе си бил умен.

Што е сонце?

-Јас сум сонце на баба. И мама така ме вика.

Што е култура?

-Тоа се добива дома и се носи каде и да одиш.

-Тоа се сади на село и се продава после на пазар.

Што е тоа доктор на науки?

-Тоа е доктор кој ја лечи науката.

-Тој не кажува да отвориме уста, туку само зборува.

Што е евро?

-Евро е кога на телевизија ќе победи „Лане моје“.

-Исто што и еурокрем, само во помала тегла.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега