Жан-Клод Мињон: Најостро ги осудувам заканите на опозицискиот лидер

Со изненадување и разочарување ја примив веста за обидот да се дестабилизира Владата на Република Македонија и го осудувам истиот. Дестабилизацијата требало да биде направена од страна на Зоран Заев Претседателот на социјалдемократската партија- Социјал демократски сојуз на Македонија, вели пратеникот во Националното Собрание на Франција, Жан Клод Мињон.

Сé додека не бидат утврдени фактите на еден непристрасен, независен и транспарентен начин, можам само најостро да ги осудам ваквите активности на закани. Тоа значи дека Владата мора да реагира на демократски начин кој ќе се базира на дебата и правно соочување со овие активности. Владата не смее да подлегне и да се стави во служба на подземни и нелегални манипулации и закани.  Ги повикувам сите парламентарни политички партии во Скопје да дадат придонес и ефикасно да соработуваат во одбрана на демократијата и владеењето на правото, вели Мињон. 

Мињон е пратеник во Националното Собрание на Франција од 1988г до денес, односно повеќе од 27 години, исто така беше Претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 2012 до 2014г.

 

Во 1982 година, тој е избран  за генерален советник на кантонот Перт-ен-Гатине и тогаш одлучува да се кандидира за градоначалник на единствената општина во кантонот,  во која 24 години мнозинството беше во рацете на левицата, односно општината Дамари-ле-Лис, каде беше беше градоначалник 31 година (од 1983 до 2014 година).

Од септември 2002 до март 2008 година, тој беше претседател на урбаната заедница на Мелин Вал де Сен. 

Од 1988 година тој е избран и реизбиран до денес за пратеник во Националното Собрание на Франција од првата избирачка единица на Сен-е-Марн, во Франција е дозволено пратеник да биде и Градоначалник.

Во Националното Собрание на Францика е член на Комисијата за надворешни работи и Комисијата за европски прашања.

Од 23 јануари 2012 до 27 јануари 2014 година, како француски пратеник беше Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во моментот, тој е член на Комисијата за политички прашања и демократија и Мониторинг комитетот во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, како и известител за Украина во ПС на Советот на Европа.

 
 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега