Колку сон ни е потребно за да се чувствуваме одморено?

 

За да може да се чувствуваме одморено и со елан да ги завршиме дневните обврски, да се справиме со стресот кои ни е наметнат од се побрзиот начина наживот, потребно е квалитетно да се наспиеме во текот на ноќта.

Дремката во текот на денот некогаш е корисна, но со ништо не може да го замени ноќниот сон,

Имено, експертите сметаат дека за секоја доба може да се одреди колку сон е потребен за еден човек да се чувствувате одморено.

Сепак, точно е и тоа дека количината на сон по која секој треба да се чувствува одморено е варијабилна.

Тим од 18 научници и истражувачи од угледни медицински здруженија во САД прегледале повеќе од 300 истражувања за тоа колку е идеалното време за спиење, а потоа гласале за тоа колку сон е потребен за различни доба.

Еве ги податоците:

1. Новороденче (0-3 месеци) – 14 до 17 часа.

2. Бебе (4-11 месеци) – 12 до 15 часа.

3. Мали деца (1-2 години) – 11 до 14 часа.
4. Предшколска возраст (3-5 години) – 10 до 13 часа.
5. Школска доба (6-13 години) – 9 до 11 часа.
6. Тинејџери (14-17 години) – 8 до 10 часа.
7. Млади (18-25 години) – 7 до 9 часа.
8. Возрасни (26-64 гофини) – 7 до 9 часа.
9. Стари лица (над 65 години) – 7 до 8 часа.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега