ФОТО: Натали Грубовиќ замина од Македонија?

 

Поранешната бинго-девојка и  манекенка Натали Грубовиќ веќе подолго време ја нема во македонскиот етер, и тоа од сосема оправдани причини, пишува Убавина и здравје.

Убавата Натали се запиша на постипломски студии по маркетинг во српската метропола, па поради обврските на факултетот одлучи да се пресели во Белград. Но сосема непланирано, освен со магистерска диплома, Натали се закити и што уште нешто.

Како што дознава Убавина и здравје  Грубовиќ веќе една година е во љубовна врска со момче од Нови Сад кое засега останува непознато за јавноста. 

„Вистина е дека сум во врска со момче од Нови Сад. Сè уште не сакам да откријам детали од врската затоа што тој сака да остане анонимен, но кога ќе дојде време за тоа, верувајте дека први ќе дознаете. Сега засега ни е супер, заедно живееме и максимално сум исполнета и среќно вљубена“, изјави Натали, и додаде:

„Нови Сад првпат го посетив со моето момче. Во почеток бев навикната на животот во Белград и не ми се допадна градот, но сега го засакав и полека почнав да живеам во препознатливиот војводински стил – релаксирано.“

Извор: Убавина и здравје

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега