„Ноќни волци“: Патриотскиот клуб никогаш нема да се плаши да ја брани државата

 

Загриженост од можноста одредени странски служби преку своите влијанија и одредени црни сценарија да направат некаква штета на Македонија денес искажаа од мото клубот „Ноќни волци“.

-Сакаме да апелираме до оние кои го почитуваат она што ние како клуб го правиме и до сите граѓани да не бидат актери и дел од такви црни сценарија. Да не дозволат да се случи хаос преку секојдневните уцени кои ги слушаме од одредени служби кои доаѓаат од надвор. Ние како интернационален клуб почувствувавме едни такви лошо моменти каде што нашите браќа некои од нив загинати, некои се уште во воени дејствија, ги штитат сопствените семејства и демократско право и во ниту еден случај не би сакале тоа да и се случи на Македонија, истакнува Јовановски.

Тој вели дека како патриотски клуб никогаш нема да се плашат да застанат во одбрана на државата со сите легални расположливи средства.

Претседателот на клубот „Ноќни волци“ вели дека во нивната организација има луѓе со разни политички убедувања, некои дури и членови на политички партии, но Ленин додава дека во ваква ситуација сите се согласиле дека треба да повикаат на разумност и да мислат на државата, а не на внатрепартиски и лични интереси.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега