Среќен роденден Боб Марли
Боб Марли денеска ќе го прославеше својот 70-ти роденден. Во продолжение мало потсетување на животот и делото на најголемиот реге уметник.
Роберт Неста „Боб" Марли
6 февруари 1945 година - 11 мај 1981 година - јамајкански пејач-текстописец и музичар.
Тој бил лидер, текстописец и гитарист на ска, rocksteady и реге бендовите Wailers (1964-1974) и Bob Marley & The Wailers (1974-1981).
Марли остана познат и почитуван изведувач на реге музика,музичка легенда која пропагираше мир во светот и бил заслужен за помагање во ширењето на Јамајканската музика и движењето Rastafari ширум светот.Тој беше и остана најхаризматичен музичар на сите времиња. Зад митот на кралот на регето можеме да ја видиме приватната страна на човекот кого вистински го познаваа многу малку луѓе. Многу нешта поврзани со него останаа таинствени.
Боб Марли потекнува од Јамајка, а беше славен и во Африка и во целиот свет. Во Афрiка го сакаа како апостол на африканското обединување, а го перцепираа како харизматичен музичар,забавувач,композитор, поет и филозоф, чија основна страст се засноваше на корените од континентот во кого се создадени музичкиот африкански ритам и, секако, тапанот којзборува. Тој беше човек што имаше цврста намера и желба да го сузбие злото и да ги обедини сите луѓе. Со целиот капацитет на своето срце и со најдлабоките дамарина душата посакуваше човечкиот род да живее заедно- црни, бели, кинези, сите заедно. Овие свои животни идеали и цели најдобро ги остваруваше преку својата музика. Беше крал на реге-музиката, музика со која ги раздвижи луѓето безмалку на сите континенти. А, тој Боб Марли израсна во сметски симбол на мирот, љубофта и мирната револуција. Тој никогаш не го избираше полесниот пат. Но, затоа на својот краток, но бурен и живописен пат стана и остана вечен симбол на движењето за човечки права и на залагањето за светски мир. Најславниот син на Јамајка сакаше пораки за љубов, еднинство и еднакви права за сите, бткаени во неговите песни да допрат до целиот свет. Беше убеден во конечната победа на доброто против злото. Такви беа неговите најсилни пораки кои прераснаа во филозовија која се залагаше за ненасилно преуредување на состојбите во светот, мирна, тивка, ненасилна револуција.
Во 1963 Боб Марли, Bunny Wailer, Peter Tosh, Junior Braithwaite, Beverley Kelso и Cherry Smith ја формирале ска и rocksteady групата The Teenagers. Подоцна го промениле нивното име во „The Wailing Rudeboys“, потоа во „The Wailing Wailers“, кога биле откриени од продуцентот Coxsone Dodd, и конечно во „The Wailers“. До 1966, Braithwaite, Kelso и Smith го напуштиле The Wailers, оставајќи го триото Bob Marley, Bunny Wailer, and Peter Tosh. Во 1966, Maрли се оженил со Рита Андерсон и за кратко се преселил во близина на куќата на неговата мајка во Вилмингтон, Делавер, САД, за кратко време за кое работел како помошник во лабораторијата на DuPont и на лентата за берба на плантажата Крајслер, под името Доналд Марли.
Кога се вратил во Јамајка, Марли станал член на Rastafari движењето и започна да го носи она по што стана препознатлив, неговите суканици. После недоразбирањето со Дод, Марли и неговиот бенд се соединиле со Lee „Scratch“ Perry и неговиот студио бенд, The Upsetters. Иако сојузот траел помалку од една година, тие, според многумина, ги снимиле најдобрите хитови на The Wailers’. Марли и Пери се разделиле по несогласувањето во односот на правата за снимање, но тие останале пријатели и работеле повторно заедно помеѓу 1968 и 1972 година. Боб и Рита Марли, Питер Тош и Бани Вејлер издале некои стари снимки од JAD Records, во Кингстон и Лондон, во обид да го комерцијализираат звукот на The Wailers'. Бани подоцна тврдел дека овие песни „никогаш не требаше да се објават во албум… тие беа само демо снимки кои продуцентските компании ги слушаа." Во 1968, Боб и Рита го посетиле Бронкс за да се видат со текстописецот на Џони Неш, Џими Норман. Тридневната сесија за џез импровизација со Норман и останатите, вклучувајќи го и ко-авторот на Норман, Al Pyfrom, резултирала со 24 минутна снимка на која Марли изведуваше неколку негови и композиции од Норман и Pyfrom, што според Реге архиварот Роџер Стефенс е ретко тоа што бил под влијание на поп наместо на реге, како дел од обидот Марли да се пробие на Американските топ листи. Според една статија во The New York Times, Марли на таа снимка експериментирал со различни звуци, приспособувајќи го doo-wop стилот на „Stay With Me“ и „бавниот стил на артистите од 1960-тите" на „Splish for My Splash“. Првиот албум на The Wailers, Catch a Fire, бил издаден во 1973 год. и добро се продаваше. Година подоцна бил издаден Burnin', во кој се наоѓаа песни како: „Get Up, Stand Up" и "I Shot the Sheriff“. Ерик Клептон направи хит сингл од „I Shot the Sheriff“ во 1974, подигнувајќи го на повисоко ниво интернационалниот профил на Марли. The Wailers се растуриле во 1974, секој од трите главни членови тргна во своја соло кариера. Има повеќе претпоставки за причините за распадот на гурпата; некои веруваат дека имало несогласувања помеѓу Бани, Пиетри Боб околу нивните изведби, додека други тврдат дека Бани и Питер едноставно сакаа да започнат соло кариери.
И покрај распадот, Марли продолжил да снима под името „Bob Marley & The Wailers“. Неговиот нов бенд кој го придружувал на настапите ги вклучувал браќата Carlton и Aston „Family Man“ Barrett на тапани и бас, односно Џуниор Марвин и Ал Андерсон како гитарист, Tyrone Downie и Earl „Wya“ Lindo на клавијатури и Alvin „Seeco“ Patterson на ударни инструменти. „I Threes“, во состав Judy Mowatt, Marcia Griffiths и сопругата на Марли, Рита, биле придружни вокали. Во 1975 година, Марли се пробил на интернационална сцена со својот прв хит надвор од Јамајка, „No Woman, No Cry“, песна од „Тhe Natty Dread“ албумот. Ова било проследено со неговиот деби албум во САД, Rastaman Vibration (1976), кој бил четири недели на Billboard Hot 100. Во декември 1976 година, два дена пред „Насмевни се Јамајка", бесплатен концерт организиран од Премиерот на Јамајка, Michael Manley, во обид да се намали тензијата меѓу две завојувани политички групи, Марли, неговата сопруга, и менаџерот Дон Тејлор биле повредени во напад од непознати вооружени лица врз домот на Марли. Тејлор и сопругата на Марли се здобиле со сериозни повреди, но подоцна се опоравиле. Боб Марли се здобил со помали рани во градите и раката. Нападот се смета дека бил политички мотивиран, бидејќи многумина мислеа дека концертот всушност бил за поддршка на Manley. Сепак, концертот продолжил, а повредениот Марли имал настап и два дена после концертот. Кога го прашале зошто го направил тоа, Марли одговорил: „Луѓето кои се обидуваат да се направи овој свет уште полош не земаат слободен ден. Како јас да го направам тоа?" Членовите на групата Zap Pow, кои немаа радикални религиозни или политички убедувања, се појавија како бенд во придружба на Боб Марли пред фестивалска публика од 80.000, додека членовите на The Wailers се уште се водеа за исчезнати или се криеја. Марли ја напуштил Јамајка на крајот на 1976 година и заминал во Англија, каде што помина две години во свој наметнат егзил. Додека бил таму ги снимил албумите Exodus и Kaya. Exodus останал на Британските листи за најпопуларен албум 56 непрекинати недели. Од тој албум имало четири хит синглови во тоа време во Велика Британија: „Exodus“, „Waiting in Vain“, „Jamming“, и „One Love“ (препев на хитот на Curtis Mayfield, „People Get Ready“). За време на неговиот престој во Лондон, тој бил уапсен и добил пресуда за поседување на мало количество на канабис. Во 1978 година, Марли се вратил во Јамајка и настапил на друг политички концерт, „One Love Peace Concert“, повторно во обид да се смират завојуваните страни. Кон крајот на концертот, по барање на Марли, Michael Manley (лидер на тогаш владејачката Национална народна партија) и неговиот политички противник Edward Seaga (лидер на спротивната Јамајканска Лабуристичка партија), се качиле на сцената и се ракувале. Под името Bob Marley & Wailers биле издадени единаесет албуми, четири албуми од живи настапи и седум студиски албуми. Во издадените спаѓаат: Babylon by Bus, двоен албум во живо со 13 песни, бил издаден во 1978 година. Овој албум, а особено последната песна „Jammin“ со побеснетата публика во позадина, го опфати интензитетот на настапи во живо на Марли. Survival, дрзок и политички нападнат албум, бил издаден во 1979 година. Преку песните како „Zimbabwe“, „Africa Unite“, „Wake Up and Live“, и „Survival“ се гледала поддршката на Марли за борбата на Африканците. Со неговото појавување на Амандла фестивалот во Бостон, јули 1979 година, го покажал своето силно спротивставување на аперхејдот во Јужна Африка, што веќе го имал прикажано во неговата песна „War“ од 1976 година. Во почетокот на 1980 година, бил поканет да настапи на прославата на Денот на независноста на Зимбабве (17 април). Uprising (1980) бил последниот студиски албум на Боб Марли и е една од неговите најистакнати верски продукти, вклучувајќи ги и „Redemption Song“ и „Forever Loving Jah“. Confrontation, објавен постхумно во 1983 година, се состои од необјавени материјали снимени во текот на неговиот живот, вклучувајќи го и хитот „Buffalo Soldier“ и нови миксови на синглови претходно достапни само во Јамајка.
По албумот Uprising, издаден во мај 1980 година, групата завршува голема турнеја низ Европа, каде што го имале најголемиот концерт во нивната кариера, пред сто илјади луѓе во Милано. По турнејата Марли отишол во Америка, каде што имал два настапи во Madison Square Garden како дел од Uprising турнејата. Набргу потоа неговото здравје се влошило и тој прилично многу се разболел, ракот веќе се проширил низ неговото тело. Остатокот од турнејата била откажана и Марли бил на лечење во Бавариската клиника, каде што добил контроверзен вид на терапија делумно базирана врз избегнување на одредени видови храна, пијалоци и други супстанции. По осуммесечната борба против ракот, без успех, тој изнајмил авион за неговото враќање во Јамајка.
Обожаваната бренд-икона, дефинитивно беше во право кога во стил на пророк предвиде дека неговата музика ке биде вечна.
Денес регето живее во секој од нас....
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа