Крцкав нискокалоричен чипс од цвекло

 

Не мора секогаш да јадете пресолен класичен чипс, од овој чипс можете да јадете колку што ви душа сака.

Потребни состојки:

3 глави цвекло

1,5 лажица маслиново масло

малку сол

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете го цвеклото и исечете го на многу тенки парчиња. Измешајте го со 1,5 лажица маслиново масло и попрскајте малку сол. Распоредете ги парчињата цвекло врз сад на кој има хартија за печење и печете околу 10-15 минути, потоа превртете ги од другата страна и печете уште толку. Ако чипсот не ви доволно крцкав, печете додека стане таков каков што вие сакате да биде. Можете уште еднаш да го насолите кога ќе го извадите од рерната. Во херметички затворен сад може да го чувате и до три дена.

 

Извор: Кафепауза.мк

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа