Карпош со голема хуманитарна акција за поплавените подрачја

 

Општина Карпош почнува со голема хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија.

Акцијата се состои во прибирање на донации во вода, средства за хигиена, трајни конзервирани производи, влажни марамчиња, тоалетна хартија, пелени...

Производите, како што информираат од општината, граѓаните на Карпош може да ги достават во специјални хуманитарни пунктови кои ќе бидат отворени во 14 урбани заедници на територијата на општината, како и во сите основни училишта и детски градинки кои работат на територијата на локалната самоуправа.

Оваа хумана акција ќе трае секој работен ден, а дежурни пунктови (сабота и недела) ќе има во 14-те урбани заедници од 10 до 14 часот. Акцијата ќе трае се додека има потреба од хуманитарна помош во поплавените подрачја зафатени од обилните дождови, се вели во соопштението од општина Карпош.

ФОТО: Вечер

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега