Ученици од Карпош распалија на натпревар за стрип

 

Симона Богоевска од VIIб и Ина Кроневска од VIIв од ООУ „Владо Тасевски“ – Карпош освоија прво место на натпревар за изработка на стрип. Стефан и Теон Пејчиќ, пак, од ООУ „Петар Поп-Арсов“ - Карпош, на натпреварувањето го освоија третото место. Во организација на приватната гимназија „Алгоритам“, натпреварот за VIIи VIIIодделение беше организиран на 19 април 2013 година на ниво на основните училишта од Скопје.

- Ова беше предизвик за мене, како ментор, и за моите талентирани ученички, со кои работам веќе пет години, да изготвиме креативен продукт кој ќе претставува интеграција на јазикот со другите предмети, односно уметност и цртање и читање литература на странски јазик, вели Виолета Панев, ментор на Симона и на Ина од ООУ „Владо Тасевски“.

Според правилата на натпреварот, стрипот требаше да се базира на расказот „A Descent into the Maelstrom“ од Едгар Алан По, во слободна техника, кој учениците го читаа на странски јазик и ја сумираа содржината во форма на стрип. Целта на организираниот натпревар е мотивирање на учениците да читаат на англиски јазик, поттикнување на нивната креативност со употреба на стрипот како медиум на изразување, како и актуализација на уметноста на изработка на стрип.

Наградените ученички од ООУ „Владо Тасевски“ од Општина Карпош, Симона Богоевска и Ина Кроневска, како и Стефан и Теон Пејчиќ од ООУ „Петар Поп-Арсов“ стекнаа право на стипендија во гимназијата што го организира натпреварот.

 

 

најчитано сега