Голем интерес на кумановските пензионери за бесплатна бања
Околу 530 пензионери од Куманово досега се пријавиле за користење на услугата бањско-климатска рекреација. За користење на услугата бесплатен туристички викенд пак се пријавиле 120 пензионери, соопштија денеска надлежните од подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
- Услугата за бањско климатска рекреација опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, како и трошоци за превоз на пензионерот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско-климатска рекреација, вели раководителот на подрачното одделение Мирослав Стојановски.
Од подрачното одделение информираат дека услугата туристички викенд, пак, опфаќа два полни пансиони и превоз до една од туристичките дестинации во државава. Барањата ќе можат да се поднесат до 16 февруари 2015 година.
Оцени ја веста
06.02.2015 - 10:17
Фото:
вести.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа