50 години од летот на првата жена во Вселената
Пред 50 години Русинката Валентина Терешкова стана запаметена како првата жена космонаут која леташе во вселената со помош на бродот „Васток-6“ на 16 јуни 1963 година.
Со ова, Терешкова стана симбол и хероина на жените во светот, а ќе биде запаметена по својата изјава „Ако жените можат да бидат работници на железничка, зошто да не можат да патуваат во вселената“?.
Инаку, сега Русинката е спремна да направи уште еден подвиг и да отпатува на Марс.