Нападите не запираат: Војин појасни четири докази кои укажуваат дека Цеца го лажирала тестаментот на Аркан!
Еден од синовите на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, не запира со нападите и обвинувањата упатени на адреса на неговата маќеа Цеца Ражнатовиќ.
Војин на својот Фејсбук овој пат објави фотографија на наводниот тестамент на неговиот покоен татко Аркан, а потоа навел четири факти според кој тој смета дека овој тестамент е лажен.
„Пред времето кое доаѓа, соочен со вистината и опасностите кои се закануваат“.
Еве сега можеме колективно да го анализираме овој лажиран тестамент во режија на Светлана Величковиќ.
Грешка број еден – Мојот татко никогаш немаше да пишува на латиница поради тоа што секогаш пишуваше на кирилица.
Грешка број 2 – човекот кој од ништо не се плашеше -(кој ја помина првата половина од деведесеттите во најжестоки битки на нашите простори), наеднаш испаѓа дека се исплашил од неколку НАТО бомби.
Грешка број 3 – тестаментот не заверен на суд
Грешка број 4 – тестаментот е напишан на брзина и тоа под лупа на правникот Зоран Јовановиќ, главниот фалсификатор на потписите и правните документи во државата.
Тестаментот наеднаш се појави неколку недели откако Цеца прифати половина од имотот да го земе за себе, а другата половина да им се раздели на децата.
Дали сте подготвени за следната страна?“ напишал Војин на својот Фејсбук профил и го објави и следниот дел од наводниот лажен тестамент.
Извор: Востина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа