Патниот правец Кочани - Македонска Каменица во целосен прекин
Патниот правец Кочани - Македонска Каменица е во целосен прекин за секаков вид моторни возила поради големи одрони на камења и се пренасочува преку Виница - Берово и Делчево.
Како што информира АМСМ, од 01:15 часот по полноќ во целосен прекин е и магистралниот пат А3 Штип – Делчево поради одрон од земја на местото Драката атар на Виница и е пренасочен по Р 2345 преку село Бигла.
На патниот правец Катланово - Велес после наплатната станица Сопот, поради голем одрон, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена и сообраќајна сигнализација.
Поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод-Скопје, поточно Близанско - Козјак на 1,6 километар после браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.
Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.
На влезот на Богданци од правец на Гевгелија, во должина од 300 метри, сообраќајот е во прекин поради експлозија во фабриката за полнење гас. Во моментов, сообраќај се одвива по стариот пат.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево - Тработивиште.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште и натаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.
Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 20 метри има на патниот правец кон Попова Шапка.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа