Град Скопје испрати помош во општина Новаци

 

По обилните врнежи дожд и поплавите, но и најавениот нов бран врнежи од утре попладне, кога се очекуваат и до 30 литри дожд на метар квадратен, Град Скопје денеска испрати тим и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Новаци.

Од Град Скопје соопштија дека општината Новаци е една од најпогодените од поплавите во источниот дел на Република Македонија, поради тоа одлучиле да помогнат за подобро справување со таа состојба. Испратени се три цистерни за влечење на вода со две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода (7800 и 1200 литри во минута), како и една цистерна со вода за пиење. Со техничката помош во општина Новаци е испратена и екипа од 12 лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, наведуваат оттаму, ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.

Претходно, по првиот бран на обилни дождови и поплави кои во неделата го зафатија источниот дел од државата, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје испрати тим и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Штип, стои во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега