За Кеажровски само театар: Заев барал од Груевски да го ослободи претседателот на УМС на ВМРО во Струмица

 

Со Кажеровски се прегрнуваше пред камерите, но од премиерот Груевски барал, од затвор да се ослободи Роби Телекабел и поранешниот претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ во СТрумица кој беше уапсен во акцијата лепак. Скандалозни информации откри денеска Сител од извори во истрагата. Според информациите, на листата барања кои Заев му ги дставил како уцена на премиерот Груевски освен техничка Влада било и ослободување на свои лични прјиатели. На листата не се најдоа ниту неговиот некогашен сопартиец Владо Бучковски ниту пак екс министерот за внатрешни работи и лидер на една од партиите од коалицијата на СДСМ, Љубе Бошкоски.

 

Ваквите информации предизвика револт во СДСМ и меѓу новинарите. Тие се шокирани од лицемерието на опозицискиот лидер кој пред неколку дена се прегрнуваше со Кежаровски и протестираше за неговата слобода. Информациите кои се денеска објавени покажуваат дека за Заев поважен бил поранешниот претседател на вмровската младина во Струмица отколку Кежаровски, Бучковски и Бошкоски. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега