СИТЕЛ: Заев дејствувал како шпион- се маскирал и барал ослободување на криминалци

Зоран Заев не барал од премиерот само техничка влада, туку барал од затвор да бидат ослободени негови лични пријатели осудени за криминал.

ТВ Сител од извори од истрагата дознава дека Заев не барал ослободување на новинарот Кежаровски или екс-сопартиецот Бучковски, туку барал слобода за личните пријатели Роби телекабел осуден за насилство и за уште едно лице осудено за криминал тежок неколку милиони.

-Барањата на Заев кои наликуваат на уцените на Исламска држава биле испорачани на директните средби со премиерот Груевски. Лидерот на СДСМ бил ултимативен- или исполнување на сите барања или материјалите од странски разузнавачки служби ќе бидат објавени. Извори на Сител потвдруваат дека Заев во целата операција бил во постојана координација со екс-директорот на УБК, Зоран Верушевски, објави телевизијата.

Според информациите на Сител, Заев и Верушевски имале бројни средби на повеќе локации.

-При сите овие средби двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа, а дел од  ликот го прекривал со шал. Дека Заев бил свесен за она што го прави покажуваат неколку сегменти од неговото однесување. Пред секој влез во Скопје тој го гасел својот мобилен телефон зашто се сомневал дека може да му се влезе во траг, објави телевизијата.

Извори од истрагата за Сител потврдуваат дека Зоран Верушевски и Зоран Заев комуницирале и по писмен пат. Во обид да ги избегнат телефонските разговори и да ги скријат трагите на соработката си испраќале и писма преку курири.

Заев во единственото обраќање пред јавноста по избивањето на мега скандалот излезе со тврдење дека никому не му се заканувал, дека не се познава со Зоран Верушевски и дека не бил вмешан во шпиунирање. Материјалите со кои во јавноста со месеци се заканува и бара техничка влада тврдеше дека му ги доставиле анонимни загрижени граѓани.

 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега