Кумановските компании и граѓани донираат средства за поплавените подрачја
Од кумановскиот Црвен крст информираат дека компаниите и граѓаните донираат средства на отворените телефонски линии за настраданото население кое претрпе штети од излевањата на реките во Република Македонија.
Надлежните истакнаа дека екипи на Црвениот крст денеска ги посетиле жителите на повеќе села од Куманово кои во два наврати беа погодени од излевањето на реките.
- Утврдивме дека помош во облека, обувки, храна и флаширана вода е неопходна за жителите на Јачинце, Довезнце, Клечовце, така што утре ќе биде доставена до оваа население како и до жителите на Шупли Камен и Бељаковце, изјави секретарот на општинската организација, Иле Митковски.
Посочи дека подготвени се пакетите со помош која утре ќе биде дистрибуирана до жителите во тој регион.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа