Хорор: Tурчин жива ја запали својата бремена девојка (ФОТО)

 

Деветнаесет годишен Турчин жива ја запалил својата бремена партнерка Марија во Берлин, објавија германските медиуми.

Ерен долго време размислувал за оваа одлука и откако нашол соучесник ја одвеле насила девојката во шумата Адлерсхоф во Берлин. Таму следела жестока кавга, по што Ерен ја два пати ја прободел во стомакот бремената жена.

Девојката очајно се обидувала да се заштити на тоа укажуваат и бројните резови во нејзините раце. Двајцата ја фатиле цврсто девојката, ја полеале со бензин и ја запалиле. Аутопсијата покажа дека во тој момент Марија била сеуште жива. Во белите дробови патолозите откриле траги од чад, што значи дека била жива, иако не се знае дали била свесна.

На местото на смртта на младата мајка и неродената ќерка се поставени два бели крстови. Луѓето оставаат свеќи, играчки и цвеќиња.

 

Телото на изгорената девојка е пронајдено од случајни минувачи во петокот наутро, а истиот ден Ерен отишол до најблиската полициска станица, за да соопшти дека Марија е исчезната. Полицијата направила непосреден распит на момчетокој признал  дека бил сведок на злосторството и го посочил името на соучесникот.

 

Марија и Еренбиле во врска одсептември 2012 година. Кога забременила, Ерен се налутил од фактот и двајцата се разделиле, бидејќи тој побарал од неа да абортира поради неговото семејство, кое не ја прифаќало Марија.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега