РОМ се огласи во врска со случајот „ПУЧ“

 

Политичката партија Роми Обединети од Македонија- РОМ се огласи во врска со актуелните политички случувања, а се однесуваат на акцијата „ПУЧ“, кои директно влијаат на целокупната општествена, политичка како и економска состојба во државата.

-Имено, нашата политичка партија како релевантен претставник на ромската заедница, изразува загриженост во однос на настаната ситуација и цени дека било какви манипулирања или кокетирања со одредени документи или информации не навлегувајќи во нивниот извор, веруваме дека ќе придонесат значително за нарушување на мирот и безбедноста на сите граѓани, вклучително и на Ромите. Особено сме загрижени од фактот што опозицијата ги повикува сите заедници, меѓу кои и ромската за приклучување кон наводното “ослободување” на државата од заробената демократија, стои во соопштението од Центарот за комуникации РОМ.

Повикуваме, велат од РОМ, на транспарентен пристап на релеватните институции кон водењето на целокупниот процес, кој ќе придонесе во откривањето на правата вистина и решавање на овој проблем, кој очигледно придонесува за нарушување на угледот на Република Македонија пред меѓународниот фактор, а следствено на тоа ќе продуцира и пречки во нашиот започнат евроатлански процес како и на афирмативните социјални и економски мерки.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега