Се санираат штетите на патот од Росоман кон Паликура

 

Се санираат штетите од поројните дождови на патот од Росоман кон росоманското село Паликура, соопшти попладнево Стојанче Лазов, градоначалник на Росоман.

- Поради дождовите дојде до лизгање на околното земјиште на три места при што на патот се испречија поголеми количини земја. Поради тоа беше отежнато движењето на овој дел од општината, информираше Лазов.

Градоначалникот нагласи дека луѓе и механизација активно работат на терен со цел целосно отстранување на земјата од лизгалиштата и овозможување на нормални услови за сообраќај по овој пат. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега