Отворила конзерва, но тоа што го пронашла ја згрозило (ФОТО)

Зои Батлер (28) од англиското гратче Арнолд, видела нешто чудно кога ја отвориле својата конзерва со туна. Како што може да се види и од фотографиите, нешто во конзервата ја погледнало веднаш штом го тргнала капакот.

Оваа мајка на две деца вели дека е јасно дека не станува збор за некоја риба, туку за нешто друго.

- Го отворив капакот и видов нешто виолетово. Помислив дека се изнутрици или црева, но кога го стиснав, видов очи, изјавила Батлер за една локална телевизија.

Таа вели дека сликите ги испратила до производителот, фирмата "Принцес" од каде само се извиниле за случајот и одговориле дека истрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега