ФОТО: Била „дебела и осамена” но потоа...

26-годишната Лора Лосон решила да го промени својот живот бидејќи се чувствувала „дебело и осамено “.

Многумина и ден денес говорат дека не сакаат во староста да жалат за се што не се обиделе да го направат, но Лора одлучила и нешто да преземе за таа цел.

-Имав 23 години и животот ми поминуваше пред очите. Последните пет години ги поминав пиејќи секој викенд, се прејадував, а вечерите ги поминував во својата соба, играјќи игри. Се обидов да сфатам што ми се случи и за своите грешки го обвинував целиот свет, изјавила Лора.

-Работата ми беше никаква, животот ми беше никаков, бев дебела, тажна и осамена, се присетила Лора, додавајќи дека нејзината одлука била конечно да излезе од рутината.

Оттогаш, Лора се омажила, купила куќа, се ослободила од вишокот на килограми и исполнила 120 од вкупно 330-те интересни животни предизвици кои што ги одредила самата за себе.

-Смислував изговори се додека не сфатив дека единствено јас можам да си го променам сопствениот живот, изјавила таа, додавајќи дека листата ја започнала со ситни нешта, како што е бојадисувањето на косата и одгледување на зеленчук.

 

Сепак, наскоро на листата се ределе и далеку поголеми предизвици, како што е хранењето на носорози, пливањето со морски кучиња, возењето со хеликоптер, банџи-скокањето, посета на нудистичка плажа и скок со падобран.

Лора изјавила дека денес е многу среќна. Таа се ослободила од 20 килограми вишок, повеќе не пие, се храни здраво, пронашла подобра работа, го запознала својот иден сопруг и има многу нови пријатели.

До крајот на годината оваа девојка планира да ги посети Мексико и Калифорнија, каде што ќе исполни уште неколку предизвици, како што е посетата на нудистичка плажа, возењето со подморница и јавањето.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега