Не го оставајте мобилниот во кревет додека спиете поради овие причини

Животот без мобилни телефони денес е тешко да се замисли, барем кога се однесува на младите. Но, дали мора да спиеме со нив?

Пред 15 години мобилните телефони служеа само за разговарање, но денес се користат за бројни начини на комуникација, но и за пишување, пресметки, рекреација, навигација, канцелариски работи, служи како потсетник, будилник...

Ова се причините зошто некои луѓе не се одвојуваат од мобилните телефони дури ни кога одат во тоалет, а резултатите од неодамнешни испитувања покажале дека младите на возраст од 18 до 29 години, речиси не се одвојуваат од нив дури ни кога одат да спиење. Дури 63% од нив се будат крај својот „животен партнер“.

 

Дали и колку се штетни мобилните телефони по нашето здравје – науката уште нема за сигурно потврдено. Сепак, изложеноста на електромагнетно зрачење на подолг временски период, секако носи последици.

Според некои истражувања, овие зрачења можат да предизвикаат несоница, неплодност кај мажите, карцином. Зрачењата од овие апарати припаѓаат во групата на нејонизирачки зрачења, кои не предизвикуваат хемиски промени во организмот, како на пример, радиоактивност.

Сепак, и Светската здравствена организација советува да се постапува внимателно. Мобилните треба да ги користиме додека сме будни, за целта за кои се наменети. А за будење, може да послужи и класичниот будилник.

Извор:Точка

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега