Немирна ноќ во Скопје: 11 лица тешко повредени

 

 

Девет сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје, од кои во пет со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници и еден пешак, а четири се со материјална штета. 

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум поминале на црвено светло на семафорот и девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај. Кај девет возила во станиците за технички преглед констатирани се технички неисправности, од нив шест се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 33 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега