Се откажав од цигарите поради страв од дупче во грлото- Исповед на Македонец
Засипнат бев, помислив дека е од цигарите, па отидов на доктор, ама умрев од страв да не ми речат дека имам рак нa гласните жици. Ми олесна кога колегата ми рече дека имам само воспалување, но тогаш се исплашив и ги оставив цигарите засекогаш, раскажува за ДНЕВНИК Бузалков, специјалист во болницата за белодробни болести.
Најверојатно од некоја вироза. Си помислив дека е од цигарите и реков ќе одам на доктор, ама умрев од страв да не ми речат дека имам рак нa гласните жици, раскажува д-р Гоце Бузалков, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по пулмологија и алергологија.
Тој е директор на Болницата за белодробни заболувања „Јасеново“, во Општина Чашка. Бил пушач пет години.
- Одма почнав да си мислам како е тоа со извадени гласни жици и дупче во грлото. Ужасно. Kога ми рече колегата дека с` е во ред и оти имам само воспалување, ми олесна. Тогаш се исплашив и ги оставив цигарите, не размислував ниту секунда. Оттогаш поминаа десет години. Сега дури страв ми е да и на жена ми ~ запалам цигара. Kога ќе ми рече запали ми, велам не, сама запали си - раскажува Бузалков.
Тој беше еден од учесниците на неодамнешната трибина во Kавадарци на која говореше за последиците од пушењето. Целта е, како што нагласи, зголемување на свеста кога е во прашање сопственото, но и здравјето на пасивните пушачи. И, секако, да се влијае превентивно кај потенцијалните пушачи.
Во земјава, вели тој, има страсни пушачи, кои пушат и по 4 кутии цигари дневно, некои ги „швајцуваат“ една со друга, па не пушат само кога јадат и кога спијат.
Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа