Претседателот нападнат со домат

 

Средовечен маж денеска се обиде со домат да го погоди чешкиот претседател Милош Земан при неговата посета на местото Јирков во северниот дел на земјата.

Човекот е уапсен од страна на полицијата на самото место и ќе одговара прекршочно, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Земан се работи за мал инцидент.

– Бев информиран дека нападот е извршен од еден локален будала, кој е сместен овде во хостел, изјави Земан.

Мажот, кој го искористи моментот кога Земан излегуваше од зградата на локалната самоуправа извикувајќи „За Републиката” го фрли доматот, но не погоди никого.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега